недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 105
home Вести

Либиските сили зазедоа клучна база

Либиските сили зазедоа клучна база

Силите на меѓународно признатата либиска влада соопштија денеска дека ја презеле контролата врз клучната воена база во предградие на Триполи од силите на фелдмаршал Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го заземат главниот град.

Портпаролот на владините сили, полковник Мохамед Гнуну изјави дека повторно е заземена воздушната база ал-Ваити во југозападното предградие на Триполи.

Силите на Триполи со недели се обидуваа да ја преземат базата, изведувајќи напади со беспилотни летала испратени од Турција, додека силите на Хафтар претрпеле големи загуби во последните неколку недели.

Ескалацијата на конфликтот се случува и покрај зголемениот меѓународен притисок врз обете страни да се вратат во преговорите за политичко решение и да се запре насилството поради загриженост за ширење на коронавирусот. Во земјата има 65 случаи на новиот коронавирус и тројца починати пациенти. ссм/

Коронавирус