вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Вести

Либискиот министер за внатрешни работи преживеа атентат

Либискиот министер за внатрешни работи преживеа атентат

Министерот за внатрешни работи на Либија, Фатхи Башага денеска преживеа атентат на автопат во близина на главниот град Триполи.

Како што објавија западните медиуми, вооружени напаѓачи отвриле оган врз конвојот возила, во кој се наоѓал министерот, меѓутоа тој останал неповреден. Неговата полициска придружба одговорила на истрелите. Двајца од напаѓачите се уапсени, а третиот е во болница, изјави близок соработник на Башага, додавајќи дека „министерот е добро“.

Локалната телевизија Либија 24 соопшти дека еден од припадниците на обезбедувањето на министерот е повреден во нападот.

Возилата се движеле низ Триполи откако Башага ја посетил Националната нафтена компанија и седиштето на безбедносните сили.

Моментно во либиското Министерство за внатрешни работи е прогласена вонредна состојба, а над местото на инцидентот кружи воен хеликоптер. (МИА)

Локални избори 2021