среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 124
home Вести

Либиската крајбрежна стража спаси околу 400 мигранти на пат кон Европа

Либиската крајбрежна стража спаси околу 400 мигранти на пат кон Европа

Либиската крајбрежна стража соопшти денеска дека спасила четиристотини мигранти на пат кон Европа кај својот медитерански брег.

Портпаролот на крајбрежната стража Ајуб Гасим денска изјави дека гумениот чамец, кој превезувал 84 патници, меѓу кои шест жени и пет деца, бил запрен во понеделникот кај местото ал-Маја, 27 километри западно од Триполи.

Тој рече дека уште два пловни објекти, кои превезувале 146 патници, меѓу кои 26 жени и четири деца, биле запрени во близина на брегот кај југозападниот град Абу Каммаш

Портпаролот соопшти дека 162 мигранти, кои тргнале кон Европа биле запрени оваа седмица. Тој истакна дека на мигрантите им била пружена хуманитарна помош и оти се префрлени во бегалски кампови во градовите Завија и Таџура.