недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Либија најави драстично намалување на производството на нафта

Либија најави драстично намалување на производството на нафта

Либија за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно, доколку продолжат блокадите на нејзините нафтени постројки, соопшти Либиската национална нафтена корпорација (НОК).

Портпаролот на НОК изјави дека дневното производство, пред силите лојални на генералот Калифа Гафтар  да го затворат нафтоводот и големите нафтени пристаништа на истокот од земјата, изнесуваше 1,2 милиона барели, пренесоа британските медиуми.

НОК соопшти дека, заради затворањето на нафтоводот и пристаништата, поголемите нафтени полиња на југозападот од Либија се присилени да почнат да го запираат производството.

Британските медиуми вчера обелоденија нацрт докумен што е усвоен на самитот во Берлин, во кој двете страни во конфликтот во земјата се повикуваат да ја признаат државната нафтена компанија НОК како единствена која е овластена да ја продава либиската нафата и ги повика да се воздржат од напади врз постројките за производство на нафта.

Коронавирус