сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Либанскиот премиер ја осуди опасната израелска воена ескалација на границата

Либанскиот премиер ја осуди опасната израелска воена ескалација на границата

Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска ја осуди израелската „опасна воена ескалација“, по вчерашниот инцидент на границата.

„Израел уште еднаш го наруши суверенитетот на Либан со опасната воена ескалација. Повикувам на внимателност во наредните денови, бидејќи се плашам дека работите ќе се влошат во светлината на опасните тензии на границата“, напиша Диаб на Твитер за вчерашниот инцидент.

Израелската армија соопшти дека група од три до пет лица вооружени со пушки ја преминале таканаречената Сина линија, што е линијата на демаркација меѓу двете држави во спорната област на ридот Дов, на што право полагаат Либан, Сирија и Израел.

Како што се наведува во израелското армиско сооштение, „терористите“ по размената на оган избегале во Либан, а израелските сили ја гранатирале јужната либанска територија заради одбрана на својата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека либанските шиитски екстремисти од движењето Хезболах и либанската Влада се одговорни за обидот за упад.

Двиежењето Хезболах, што е присутно во областа каде се случи инцидентот, демантираше каква било вмешаност. Според оваа проиранска организација, извештаите дека Израел спречил упад од Либан се „целосно невистинити“.

Мировните сили на ОН во Либан, УНИФИЛ, соопштија дека отвориле истрага за инцидентот.

Премиерот Диаб денес го обвини Израел дека се обидува да ги промени правилата што постојат меѓу двете земји од крајот на едномесечната војна во 2006 година, последниот директен конфликт меѓу двете соседни држави.

Тој кажа дека Израел врши притисок за промена на мандатот на УНИФИЛ, што истекува во август. (МИА)

Коронавирус