недела, 5. април 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Либан го плати долгот кон ОН и повторно има право на глас во Генералното собрание

Либан го плати долгот кон ОН и повторно има право на глас во Генералното собрание

Либан повторно го доби правото на глас во Генералното собрание на ОН откако во петокот го платил долгот кон светската организација, соопшти портпаролот на ОН Стефан Дижариќ

Дижариќ во петокот кажа дека Либан, Венецуела, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен го изгубиле правото на глас во Генералното собрание на ОН заради големите долгови кон светската организација.

Британските медиуми наведуваат дека засега не  е познато колку Либан платил, нити колкав е и натаму долгот кон ОН.

Дижариќ кажа дека ОН во последните неколку недели биле во контакт со постојната мисија на Либан во ОН за да им помогнат да го платат долгот, додавајќи дека ОН исто така се свесни дека настаните во Либан доведоа до сериозни тешкотии во функционирање на банкарскиот систем на оваа земја.

Коронавирус