четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 147
home Вести

Лавров: Западот наметнува правила и го менува меѓународното право

Лавров: Западот наметнува правила и го менува меѓународното право

Западните земји ги наметнуваат своите правила за замена на постојните инструменти на меѓународното право и со тоа потврдуваат дека се обидуваат да го „укинат законот“ на светската политичка сцена, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во авторска статија објавена во руските весници „Комерсант“ и „Глобал аферс“.

– „Убавината на овие правила“ на Западот е што тие немаат специфична содржина. Кога некој постапува спротивно на волјата на Западот, тие веднаш возвраќаат со неосновани обвинувања, без докази за „кршење на правилата“ и се повикуваат на правото за „казнување на прекршителите“. Колку се помалку специфични обвинувањата на Западот, тие се послободни да извршуваат произволни потези и да применуваат валкани тактики како форма на притисок врз нивните ривали. Во текот на 90-тите години на минатиот век, во Русија, ние тоа го нарекувавме „потчинување (газење) на правата“, наведува Лавров.

На владите на западните земји не им се допаѓа тоа што Москва се залага за земјите кои станаа жртви на западните политички коцкања, вели Лавров, потсетувајќи дека Западот ја обвинува Русија за „агресивно однесување“ во многу делови на светот.

Според него, Русија и Кина се опишани како „авторитарни сили“ и главна пречка за реализација на плановите наведени за време на самитот во јуни, пренесува агенцијата ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Русијаистакнува дека Западот намерно ги избегнува правните норми и ги исклучува од правилата што наводно треба да се следат, но не дава валидни објаснувања зошто треба да се следат ваквите правила на Западот од други.

„На крајот, сè уште има илјадници универзални меѓународни правни инструменти кои утврдуваат јасни обврски на секоја држава и транспарентни механизми за проверка на нивното спроведување“, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во авторскиот текст објавен од „Комерсант“ и „Глобал аферс“.

Коронавирус