петок, 29. јули 2022. Вести денес: 44
home Вести

Лавров: ЕУ и НАТО формираат коалиција за војна со Русија

Лавров: ЕУ и НАТО формираат коалиција за војна со Русија

Европската унија формира коалиција со НАТО за борба против Русија, изјави денеска во Баку рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорот со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.

„Кога започна Втората светска војна, Хитлер собра голем број, ако не и повеќето, европски земји под своето знаме за војна против Советскиот Сојуз. Сега, на ист начин, ЕУ и НАТО ја составуваат истата модерна коалиција за војна со Русија. Сето тоа внимателно ќе го анализираме“, рече Лавров на прес-конференција.

Лавров ја најави втората билатерална средба за демаркацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, што ќе се одржи во Москва и рече дека и двајцата се подготвени да работат на тоа прашање.

На прашањето за давање статус на кандидат на Украина и на Молдавија за членство во ЕУ, Лавров рече дека за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија.  (МИА)

Коронавирус