недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Лам: Епидемиолошката состојба во Хонг Конг е критична, ќе се воведат нови мерки

Лам: Епидемиолошката состојба во Хонг Конг е критична, ќе се воведат нови мерки

Епидемиолошката состојба во Хонг Конг е критична и нема знаци дека таа ќе биде ставена под контрола, изјави лидерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Во последните 24 часа се пријавени 108 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени се зголеми на 1.900.

Лам најави нови мерки, вклучително и носење маски и работа од дома за оние јавни работни места што не се клучни за одржување на градот, пренесува Би-Би-Си.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, уште минатата недела беа донесени некои мерки, како затворање на баровите, спортските сали и ноќните клубови и задолжително носење маски во јавниот превоз.

Лам најави и дополнителни мерки, доколку бројот на заразени на дневна основа не почне да се намалува.

Коронавирус