среда, 21. април 2021. Вести денес: 122
home Вести

Лабораториско тестирање: Вакцината на Фајзер може да се бори со бразилската мутација

Лабораториско тестирање: Вакцината на Фајзер може да се бори со бразилската мутација

И прелиминарните податоци од студијата на Универзитетот во Оксфорд покажуваат дека вакцината што ја разви со „Астра Зенека“ е ефикасна против оваа варијанта за која има малку податоци во однос на преносливоста

Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот е ефикасна против бразилската мутација на вирусот, покажало истражување на двете компании и Универзитетот во Тексас.

Научниците притоа тестирале примероци од крвта на луѓе со оваа варијанта на вирусот за прв пат откриена во Бразил.

Истражувањето кое е објавено во „Ингланд џурнал оф медисин“, може да ги смири стравувањата во врска со варијантата стручно позната како П.1, за која е откриено дека се шири побрзо од другите типови на коронавирус откако за првпат се појави во Јужна Америка.

Научниците од двете компании и Универзитетот во Тексас создале верзија на вирусот што ги има истите мутации на протеините како и варијантата П.1 и тестирани се оние лица кои веќе ја примиле оваа вакцина.

Притоа, резултат бил дека антителата од крвта можат да го неутрализираат вирусот.

Други студии покажаа дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ е ефикасна и против варијантите на коронавирусот што првпат беа откриени во Велика Британија и Јужна Африка – иако јужноафриканската варијанта може да ги намали заштитните антитела стимулирани од вакцината.

Но од „Фајзер“ се уверени дека сегашниот состав е многу веројатно дека сепак обезбедува заштита од јужноафриканската варијанта и најави дека планира да тестира трета засилена доза од вакцината, и да создаде верзија на лекот специјално дизајниран за борба против оваа мутација.

Што знаеме за бразилската мутација?

Се смета дека варијантата П1 потекнува од градот Манаус во Бразил, а пронајден е во Јапонија и неколку европски земји, вклучувајќи ги Англија и Шкотска.

Дали оваа варијанта е поопасна или пренослива од другите?

Засега не е јасно дали е попренослива од другите варијанти што се пронајдени во Велика Британија. Исто така, не е познато дали неговите мутации значат дека предизвикува потешка инфекција.

Освен информациите од „Фајзер/Бионтек“, и прелиминарните податоци од студијата на Универзитетот во Оксфорд покажуваат дека вакцината што ја разви со „Астра Зенека“ е ефикасна против бразилската варијанта.

Коронавирус