петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Кутија со муниција од хеликоптер паднала во училиште

Кутија со муниција од хеликоптер паднала во училиште

Кутија со муниција паднала од хеликоптер во американската сојузна држава Тексас, во едно основно училиште во Ел Пасо и го пробила кровот, соопштија локалните власти.

Училишните власти во Ел Пасо наведуваат дека никој не е повреден.

Кутијата оставила дупка на кровот и предизвикала прекин на електричната енергија во делови на зградата, пренесува АП.

Службениците во локалната база Форт Блис наведуваат дека го испитуваат случајот.

Командантот на бригадата од Форт Блис во соопштение вели дека му е жал за штетата и оти му е мило што никој не бил повреден.

Коронавирус