вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Курц: Вакцината е најдобриот подарок за Божиќ

Курц: Вакцината е најдобриот подарок за Божиќ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вакцината против коронавирусот ја нарече „најдобриот Божиќен подарок“ и сè уште смета на враќање во нормала во лето.

– Светската економска криза силно ги погодува сите земји и не ја заобиколува ниту Австрија. Нашата голема цел е што побрзо да се вратиме во нормала со вакцината. Најдобриот Божиќен подарок оваа година доаѓа на 27 декември, а тоа е вакцината, рече Курц во интервју за „Кронен цајтунг“.

Тој изрази верување дека во Австрија ќе бидат вакцинирани половина милион луѓе до крајот на март, а значително повеќе луѓе до летото, по што економијата повторно ќе расте, а со тоа и вработувањата.

На прашањето дали третото заклучување ќе биде и последно, Курц рече дека не може да одговори на тоа, но оти е јасно дека колку повеќе луѓе редовно се тестираат, толку помалку ограничувања ќе има.

Коронавирус