вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Курц: Со милион дози Спутник В, можеме побрзо да се вратиме во нормала

Курц: Со милион дози Спутник В, можеме побрзо да се вратиме во нормала

Австрија во борбата против коронавирусот е се поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина Спутник В.

На тоа укажува и денешната објава на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи.

– Со милион дози на Спутник В би можеле побрзо да се вратиме во нормала, напиша Курц на својот фејсбук-профил.

Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) се уште нема дадено одобрување за руската вакцина, Австрија очевидно одлучила да започне билатерална набавка.

Во Виена вчера е потврдено дека се размислува за набавка на еден милион вакцини Спутник В, а првите пратки би можеле да пристигнат следниот месец.

Курц претходно порача дека е единствено важно во оваа борба вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не каде е произведена.

Тој за денеска најави средба со рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.

ЕУРО 2020

Македонија