сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Курц се закани со вето на буџетот на ЕУ

Курц се закани со вето на буџетот на ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се закани со вето ако Европската комисија инсистира на својот предлог земјите-членки да плаќаат 1,11 проценти од нивниот БДП во буџетот на Унијата.

Курц за австриското радио „Ое1“ изјави дека Европската комисија, доколку поднесе таков предлог, нема да добие поддршка од Виена.

– За нас се неприфатливи тие 1,11 отсто. Ќе ставиме вето, порача австрискиот канцелар.

Во исто време, тој посочи дека се уште се водат преговори и се надева дека ќе се направи нов предлог што ќе биде прифатлив.

За 20 февруари е закажан вонреден самит на ЕУ за финансиската рамка за периодот од 2021 до 2027 година.

Повеќе држави односно оние што плаќаат повеќе отколку што добиваат од буџетот на Унијата, сакаат да остане членарината на 1 отсто БДП, но Европската комисија предлага 1,11 отсто, а Европскиот парламент бара 1,3 процент.

Коронавирус