понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Вести

Курц се откажа од 75.000 евра од државата

Курц се откажа од 75.000 евра од државата

Доскорешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата на шеф на пратеничкиот клуб на партијата, на која би има право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на овие гарантирани приходи.

Тој има право на 75 отсто од платата што месечно е повисока од 15.000 евра бруто, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Меѓутоа, Курц изјави дека нема намера да аплицира за тие пари.

-Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да и служам на државата и да работам за народот, рече тој.

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе земе само кратка за раѓањето на синот, а на почетокот на следната година ќе се вработи во приватниот сектор.

Коронавирус