четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Вести

Курц: Необединетоста во надворешната политика ја ослабува ЕУ

Курц: Необединетоста во надворешната политика ја ослабува ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за „длабоките поделби во Европската унија“, по повод разговорите што беа одржани на самитот на ЕУ за Русија и за законите за ЛГБТ заедницата во Унгарија.

Тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми, но би било проблем во надворешната политика.

– Ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ, нагласи Курц.

Во однос на Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука.

– Неопходна е стратегија на ЕУ кон Русија. ЕУ не може да чека ако се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија, рече Курц.

Коронавирус