петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 36
home Вести

Курц: Надворешните граници на ЕУ мора подобро да се заштитат

Курц: Надворешните граници на ЕУ мора подобро да се заштитат

Австрискиот канцелар Себастијан Курц побара засилување на Фронтекс откако 600 мигранти упаднаа во шпанската енклава Цеута.

Силите на ЕУ во таа смисла, истакнува Курц, би требало да ги запрат мигрантите уште во северна Африка.

-Се додека немаме функционална заштита на надворешните граници на ЕУ постојано ќе имаме нови рути кои ќе се отвораат, како сега во Шпанија, предупреди тој во изјава за австриските медиуми.

Курц рече дека Австрија се залага за промена на системот во европската полиција според мигрантите и подобро да ги штити границите.

Според него, најпрво е неопходно засилување на Фронтекс, што е најважен приоритет на австриското претседавање со ЕУ.

Коронавирус