четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 167
home Вести

Курц го предава претседавањето со ЕУ на Романија

Курц го предава претседавањето со ЕУ на Романија
BRUSSELS, BELGIUM - OCTOBER 19: Austrian Chancellor in waiting Sebastian Kurz arrives ahead of a European Council Meeting at the Council of the European Union building on October 19, 2017 in Brussels, Belgium. Britain's Prime Minister Theresa May attends along with the other 27 members Heads of State. Under discussion are the Iran Nuclear Deal, Brexit and North Korea. Mrs May has offered assurances to EU nationals that her government will make it as easy as possible to remain living in the United Kingdom after Brexit. (Photo by Dan Kitwood/Getty Images)

Австрискиот канцелар Себајстијан Курц ќе отпатува утре во Романија за симболично да му го предаде претседавањето со ЕУ на официјален Букурешт.
Планирани се состаноци со премиерката Виорика Данчила и претседателот Клаус Јоханис, како и посета на школата за социјалниот проект „Конкордија.

Ова е првпат Романија, која е членка на ЕУ од 2007 година да претседава со Унијата.

Официјален Букурешт на почетокот на претседавањето ќе биде соочен со продолжување на решавањето на прашањето за Брегзит, бидејќи е предвидено Велика Британија да излезе од Унијата на 29 март 2019 година.

Романија, исто така, ќе мора да се занимава со идниот буџет на ЕУ.

Почетокот на претседавањето на Романија со ЕУ доаѓа во многу чувствителен момент за односите меѓу Букурешт и Брисел, бидејќи ЕК во извештаите за напредокот во ноември укажа на проблемите и ја критикуваше Владата поради правосудството и институциите за борба против корупција, а потоа премиерката ја критикуваше ЕУ дека ја дискриминира Романија.

На друга страна, претседателот Јоханис ја критикуваше Владата на Романија дека не се подготвила доволно за претседавањето со ЕУ, поради што Владата изнесе намера да му суди за велепредавство.

Во очи на посетата, Курц ги пофали добрите економски и политички односи на Австрија и Романија.

-Австрија е трет најголем странски инвеститор во Романија. Нашите земји имаат многу заеднички интереси и традиционално соработуваат, на пример, кога станува збор за Западен Балкан, Подунавјето  и источното партнерство на ЕУ, наведе во соопштението Курц.

 

Парламентарни избори 2020