сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Вести

Курц бара од ЕУ да воведе ковид пасош

Курц бара од ЕУ да воведе ковид пасош

Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред денешниот Самит на Европска Унија побара воведување европски пасош за вакцинираните лица против Ковид-19.

– Сакаме што е можно побрзо да се вратиме на нормалноста и на максималната слобода. Се додека постои пандемијата и вирусот тоа е можно само ако имаме мерки на заштита, дали преку вакцинација или тестови, истакна Курц.

Тој додаде дека е потребен европски пасош за вакцинираните лице, со што ќе се овозможи слободно движење.

Курц најави дека иницијативата за европски ковид-пасош ќе ја претатви на Самитот на ЕУ и оти има голем број на сојузници, пред се од туристичките држави Грција, Кипар и Малта, потоа од балтичките дрќави, но и од Шпанија, Хрватска и Словачка.

Додека Германија, Белгија, Холандија и Франција не сакаат брзи одлуки за ковид-пасошот.Таков пасош веќе има Израел.

Коронавирус