недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Курц апелира да се почитуваат мерките

Курц апелира да се почитуваат мерките

Австрискиот канцелар Себастијан Курц апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат важечките мерки, еден ден пред олеснување на мерките за карантин.

– Само на тој начин можеме да го продолжиме позитивниот развој. Во изминатите неколку недели успеавме да го преполовиме дневниот број на новоинфицирани лица, истакна Курц.

Тој истакна дека постигнатиот напредок сега не смее да биде загрозен.

Останатите мерки, како што се ноќниот полициски час, ограничување на контактите и затворените ресторани и хотели, според него, немаат алтернатива.

Друг важен инструмент за прекинување на синџирот на инфекција, како што нагласи, се масовните тестирања, поради што ги повикува граѓаните да учествуваат во таа акција.

– Со брз тест од 15 минути, можеме да избегнеме понатамошно заклучување, рече Курц.

Во исто време, тој го повтори својот оптимистички став за вакцината.

– Развојот и одобрувањето на вакцината напредува брзо, а во тек се подготовки со цел да почнеме со употреба на вакцината во јануари, подвлече тој.

Коронавирус