понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Куомо: Њујорк истражува случаи на деца со симптоми налик на Кавасаки болест

Куомо: Њујорк истражува случаи на деца со симптоми налик на Кавасаки болест

Гувернерот на Њујорк Ендру Куоми изјави дека се истражуваат околу сто случаи на синдром кој ги погаѓа крвните садови и органите и има симптоми слични на Кавасаки болест и токсичен шок. Таков инфламаторен синдром, поврзан со коронавирусот, е отриен кај стотина деца во американската сојузна држава Њујорк, од кои три починаа.

Куомо побара сите болници при тестирањето на Ковид-19 да дадат предност на децата кои покажуваат такви симптоми.

Во градот Њујорк, каде се пријавени најмалку 52 случаи на деца со такви симптоми, градоначалникот Бил де Блазио ги повика вчера родителите веднаш да консултираат педијатар ако нивните деца имаат симптоми кои вклучуваат упорна температура, осип, болка во стомакот и повраќање.

Во други делови на Америка и Европа, исто така се хоспитализирани деца од болеста која сега се нарекува педијатриски мулти-системски инфлматорен синдром (ПИМС).

Околу 23 отсто од случаите станува збор за деца помлади од пет години, околу 29 отсто деца меѓу пет и девет години, близу 28 проценти на возраст меѓу 10 и 14 проценти и 16 отсто на возраст меѓу 15 и 19 години.

Парламентарни избори 2020