сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба: Г7 да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе оружје за Украина

Кулеба: Г7 да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе оружје за Украина

Украина денеска побара од земјите од Г7 повеќе оружје и построги санкции против Москва по рускиот напад врз станбен комплекс недалеку од центарот на Киев.

„Самитот на Г7 мора да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе тешко оружје за Украина“, напиша украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер.

Тој повика на „победа над болниот империјализам“ на Русија.

Во Елмау, Германија денеска почнува самитот на Г7 – Групата на седумте најиндустриски развиени земји во светот. (МИА)

Коронавирус