понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Кучето скокна низ прозорецот на автомобилот за да фати насилник (ВИДЕО)

Кучето скокна низ прозорецот на автомобилот за да фати насилник (ВИДЕО)

Една жена од Калифорнија го пријавила својот сопруг, кој добил забрана за приближување. Но, тогаш дошло до проблеми кога тој, ја нарушил забраната и се појавил пред зградата каде што работела сопругата и се обидел да ја удри со автомобил.

Веднаш била повикана полиција. Кога пристигнале полицајците, биле пречекани од многу насилен човек, кој одбивал да ги послуша и се обидел да избега со својот автомобил.

Следниот час, полицијата го бркала по автопатот.

После тешката потера, осомничениот запрел, но сепак одбил да соработува. Тој останал во автомобилот и покрај тоа што бил поканет да излезе надвор.

Потоа полицијата била принудена да пука со гумени куршуми во прозорецот за да дојде до осомничениот. Тој немал појма дека го чека полицаецот Мајкл Неф, заедно со неговиот бестрашен партнер, Дјук.

Дјук, имено, не е човек, туку специјално полициско куче. Тој претходно работел во Ирак како воено куче, а сега е дел од единицата К-9 во полициските сили.

Нема шега со Дјук – тој буквално скокнал во акција за да го изведе осомничениот пред лицето на правдата. Многу е почитуван во полицијата, а неговиот партнер не би знаел што да прави без него. Ситуацијата можела да биде многу полоша доколку Дјук не решил да ги земе работите во „свои шепи“.

Секоја чест на ова посветено полициско куче.

Коронавирус