недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 30
home Вести

Куче кое го преживеало пожарот во Калифорнија го чувало домот со недели

Куче кое го преживеало пожарот во Калифорнија го чувало домот со недели

Куче, кое го преживеа катастрофалниот пожар во Северна Калифорнија, пред два дена се сретна со својата сопственичка Андреа Гајлорд (75). Кучето еден месец седело пред изгорениот дом, чекајќи ја Гајлорд да се врати.

Андреа Гајлорд избегала кога избувнал пожарот на 8 ноември, а оваа недела конечно и беше дозволено да ја види изгорената покуќнина. Додека била отсутна, за Медисон се грижела спасителката на животни, Шајла Саливан, која одговорила на барањето на Гејлорд да го види кучето кое останало пред домот.

Шајла првпат го забележала машкиот анадолски овчар неколку дена по избувнувањето на пожарот.

Таа вели дека кучето на почетокот било загрижено и се држело на дистанца. Шејла редовно му оставала храна и вода. Таа исто помогнала да го го пронајдат братот на Медисон, Мигел, кој бил однесен во засолниште оддалечено 135 километри од местото каде беснеел пожарот. Сега Медисон е повторно со неговиот брат и со сопстевничката Гајлорд.

Гејлорд изјави дека не може да најде подобро животно.

-Замислете ја лојалноста, да седи тука во најлоши околности и да чека, вели таа.

Коронавирус