недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Куба со нова Влада ќе спроведува уставни реформи

Куба со нова Влада ќе спроведува уставни реформи

Парламентот на Куба синоќа го одобри новиот состав на Министерскиот совет, кој го именува новиот претседател Мигел Дијас-Канел, при што поголемиот број министери се од владата на Раул Кастро, освен министерката за економски реформи.

Кубанското Народно собрание ги разгледува и предложените реформи на Уставот од 1976 годиниа, со што е предвидено признавање на приватна сопственост, воведување на функцијата премиер, претседателот да има право само на два мандата од по пет години, легализација на истополовите бракови, а предвидени се и реформи во судството. Но, и покрај реформите Комунистичката партија ќе остане единствена политичка сила во земјата.

Најголемата промена во новата Влада е отсуството на министерката за економски реформи Марина Муриља, блиска соработничка на Раул Кастро и една од иницијаторите за воведување на приватна иницијатива во социјалистичката економија. Нов министер за економија и планирање е Алехандро Хил.

Новиот Министерски Совет има 34 членови, а на трите функции заменик претседатели  остануваат учесниците во револуцијата од 1959 година, 86-годишниот Рамиро Валдес и 76-годишниот генерал Улисес Росалес дел Торо, како и Рикардо Кабрисас Руис. Не се сменети министерот за надворешни работи, за внатрешни работи, за одбрана, за надворешна трговија и за финансии

Дијас-Канел е избран за претседател на Куба во април годинава, откако браќата Кастро шест децении владееја со островската држава.

(Миа)

Коронавирус