сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 46
home Вести

Крвта не циркулира: Зошто респираторите се неефикасни во борбата против коронавирусот?

Крвта не циркулира: Зошто респираторите се неефикасни во борбата против коронавирусот?

Знаци на згуснување и згрутчување на крвта се детектираат во разни органи, од доктори од разни специјалности. Тоа може да биде еден од поалармантните начини на кои вирусот го девастира организмот.

Нефролози забележуваат запушување на катетрите за дијализа, пулмолозите кои ги следат ковид-19 пациентите приклучени на респиратори забележуваат парчиња од белите дробови, неврохирурзите нотират пораст на случаите во кои е потребна операција заради проблеми во циркулацијата, пренесува Ројтерс.

„Зачудувачки е колку оваа болест предизвикува создавање тромби,“ вели хирург од њујоршката болница Маунт Синај.

Згуснатата крв можеби ја објаснува неефикасноста на респираторите во кои толку се надевавме. Со нив пушташ воздух да циркулира низ белите дробови но бадијала е тоа ако не циркулира крвта.

Поради овие феномени, според него, ковид-19 не е само белодробна болест. Тој вели дека кај млади пациенти, мозочен удар е прв симптом за ковид-19.

Паралелно со кумулирањето на сознанијата за овој аспект на болеста, во болницата развиле нов протокол за третман на овие пациенти кои сега добиваат високи дози на медикаменти за разретчување на крвта. Тоа не се прави кај високоризични пациенти поради опасноста разредувачите да доведат до крварење во мозокот и други органи.

За три недели болницата морала да се справи со двојно повеќе мозочни удари од просекот, токму онолку колку што тие пациенти биле позитивни на коронавирус. А пулмолозите забележуваат дека кај оние што се на вештачко дишење, белите дробови не се крути што е вообичаено кај пневмонија но затоа крвта не циркулира на вообичаениот начин.

ЕУРО 2020

Македонија