понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Крвав ручек во Русија: Жена со кујнскиот нож го убила сопругот оти и рекол дека лошо готви

Крвав ручек во Русија: Жена со кујнскиот нож го убила сопругот оти и рекол дека лошо готви

Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујната… Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.

Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.

Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.

Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор.

Коронавирус