петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кризата предизвикана од Ковид-19 го намали профитот на Дасо Авијација за 87 отсто

Кризата предизвикана од Ковид-19 го намали профитот на Дасо Авијација за 87 отсто

Со економската криза предизвикана од коронавирусот и нефункционирањето на воздушниот сообраќај, нарачките на летала се намалија за францускиот производител на воени и деловни авиони Дасо Авијација, јави дописникот на МИА.

Дасо Авијација соопшти дека неговата нето-добивка е намалена за 87 отсто, достигнувајќи 32 милиони евра, поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.

– Некои наши клиенти го одложија датумот на испорака на авионите, но, исто така, нема ниту нарачки на авиони, изјави извршниот директор Ерик Трапие.

Економските последици од здравствената криза се „тешки“ и „имаат големо влијание“ врз пазарот на деловната авијација, нагласува Дасо Авијација. Во првата половина од годината, производителот на авиони им испорача седум борбени авиони „Рафал“ на Индија и Катар и 16 деловни од типот „Фалкон“.

Поради економските последици од епидемијата и намалената активност на воздушниот сообраќај, Дасо Авијација планира да испорача 30 авиони „Фалкон“ во 2020 година, што е една четвртина помалку од претходната. (МИА)

Коронавирус