вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

Кристалина Георгиева е новата директорка на Меѓународниот монетарен фонд

Кристалина Георгиева е новата директорка на Меѓународниот монетарен фонд

Бугарската економистка Кристалина Георгиева денеска е потврдена за нова директорка на Меѓународниот монетарен фонд , со што стана прва личност надвор од Западна Европа на оваа висока позиција на светскиот кредитор.

Георгиева  е централно-десничарска политичарка која пораснала во Бугарија за време на комунизмот и ја изгради својата репутација на функцијата извршен директор на Светска банка од 2017 година. Пред тоа, беше Потпретседател на Европската комисија задолжена за буџетот и човечките ресурси.

Таа е позната како директна личност и промотор на родовата еднаквост и борбата против климатските промени.

Голем број предизвици ја чекаат на нова позиција, како што е забавениот раст на светската економија заради ескалација на трговските тензии меѓу САД и Кина.

„Предупредувачките светла се појавија и ние треба да бидеме подготвени за тестирање“, рече 66-годишната Бугарка по нејзиното назначување во седиштето на Фондот во Вашингтон.

Покрај економските проблеми, Георгиева ќе треба да се справи и со САД, која има најголемо право на глас во одборот на ММФ, да се повлече од низата мултилатерални договори, како и ризиците во брзорастечките економии како Аргентина, кои минатата година добија рекордна финансиска помош од Фондот  од 57 милијарди американски долари.

Георгиева истакна дека нејзиниот приоритет ќе биде да им помогне на 189 земји-членки да ги минимизираат ризиците. Таа истакна дека Фондот ќе биде пријателски расположен кон сите членки, без оглед на нивната големина.

Георгиева имаше силна поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон и беше поддржана од други земји на Европската унија, како и од САД.

Таа е втора жена на чело на Фондот, по претходната директорка Кристин Лагард која сега стана директор на Европската централна банка. Досега, на чело на ММФ имало пет Французи, двајца Швеѓани и по еден Белгиец, Холанѓанец, Германец и Шпанец.

 

Локални избори 2021