четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 83
home Вести

Кремљ: Преговорите со Украина не напредуваат

Кремљ: Преговорите со Украина не напредуваат

Мировните преговори меѓу Русија и Украина не напредуваат и најверојатно нема да продолжат по „капитулацијата“ на украинската армија од фабриката за челик Азовстал, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Преговорите навистина не напредуваат. Гледаме целосен недостиг на желба на украинските преговарачи да го продолжат овој процес, ја пренесуваат руските медиуми неговата изјава.

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, вчера изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.

– Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса, додаде вчера Подољак.

Коронавирус