понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

КРАЛИЦАТА ЗАГРИЖЕНА: Иако сите помислија дека се смирени, сепак расте раздорот меѓу двајцата браќа – Хари ја напуштил Британија?!

КРАЛИЦАТА ЗАГРИЖЕНА: Иако сите помислија дека се смирени, сепак расте раздорот меѓу двајцата браќа –  Хари ја напуштил Британија?!

Кралицата Елизабета ќе го одбележи својот 95-ти роденден во среда, на 21 април, а британските медиуми пренесуваат дека е најтажниот во нејзиниот живот, бидејќи по седум децении, таа ќе го помине без нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој беше погребан во саботата, на 17 април.

Отсуството на принцот Филип е невозможно да се надомести, а семејството сега е сè позагрижено за проблемите и раздорот меѓу принцовите Вилијам и Хари за кој сè повеќе се зборува и пишува.

Иако јавноста беше воодушевена од средбата на браќата на погребот, како и од фактот дека тие беа видени заедно, како го напуштаат погребот заедно, немаше помирување и Хари се врати во Лос Анџелес многу брзо.

Кејт Мидлтон, наводно, го скршила мразот, започнувајќи разговор со Хари по погребот, а говорот на телото откри дека меѓу нив има многу повеќе отколку само разговор.

Меѓутоа, еден близок до семејството, открил дека раздорот меѓу браќата е толку голем што ќе требаат години за оваа врска да се подобри.

Коронавирус