петок, 14. мај 2021. Вести денес: 3
home Вести

Кралицата издала посебно барање за испраќањето на принцот Филип: Се однесува за Вилијам и Хари – некои велат тоа значeло само ОВА!

Кралицата издала посебно барање за испраќањето на принцот Филип: Се однесува за Вилијам и Хари – некои велат тоа значeло само ОВА!

Последното збогување со принцот Филип ќе се одржи во сабота на 17 април со почеток во 15 часот во капелата Св. Џорџ во Виндзор, и неговата сопруга, кралицата Елизабета Втора има посебно барање за своите внуци за време на погребот.

Имено, таа сака принцовите Вилијам и Хари да не бидат еден до друг додека шетаат покрај ковчегот на нивниот дедо, пишува Дејли меил. Браќата, кои се оддалечија минатата година, ќе бидат дел од поблиското кралско семејство кое ќе го следи телото на починатиот војвода од Единбург.

Вилијам и Хари на патот ќе бидат разделени од нивниот братучед, најстариот внук на принцот Филип и кралицата Елизабета, син на нивната ќерка, принцезата Ана, Питер Филипс. Кога ковчегот ќе се внесе во капелата Св. Џорџ во Виндзор, браќата нема да седат едни покрај други, туку повторно ќе бидат разделени.

Многумина сметаат дека оваа одлука е доказ дека принцовите не се обединиле дури и откако нивниот дедо починал, а тоа се виде неодамна кога тие издадоа одделни изјави во негова чест. Некои сметаат дека всушност тоа не го барала кралицата, туку нејзините внуци кои барале да бидат разделени.

Коронавирус