вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 124
home Вести

Кралицата Елизабета Втора им се врати на должностите по погребот на принцот Филип- насмеана одржа аудиенција

Кралицата Елизабета Втора им се врати на должностите по погребот на принцот Филип- насмеана одржа аудиенција

Британската кралица Елизабета Втора денеска за првпат им се врати на своите јавни должности по погребот на својот 99-годишен сопруг, принцот Филип, одржувајќи аудиенција со странски дипломати преку видео врска.

Насмеаната 95-годишна кралица одржа аудиенција за новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата Коска.

Кралицата ги извршуваше своите должности од нејзиниот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што пред две недели беше погребан принцот Филип, со кого мина седум децении во брачна заедница.

Ова е прв работен ангажман на кралицата Елизабета Втора од официјалното завршување на кралската жалост, но не и од смртта на нејзиниот сопруг на 9 април.

ЕУРО 2020

Македонија