вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Крадел парички од фонтана во Рим- ќе плати глоба од 550 евра

Крадел парички од фонтана во Рим- ќе плати глоба од 550 евра

Холанѓанец, кој бил фатен како зема парички фрлени во ренесансната фонтана на Рим, ќе мора да плати казна од 550 евра.

Полициските службеници го фатиле „на дело“ во раните утрински часови, соопшти локалната полиција во неделата, пренесува агенцијата „Ansa“.

Триесет и шестгодишниот маж влетал во Фонтана дел Моро на плоштадот Навона, на кој се собираат туристи кои ја разгледуваат италијанската престолнина и вообичаено фрлаат парички во римските фонтани за среќа.

Откако Холанѓанецот сфатил дека го забележале полицајците, се обидел да ги сокрие монетите, се наведува во полициското соопштение.

Римскиот градски совет од неодамна воведе строги правила за недозволено однесување во јавноста, како што се капење во фонтаните и консумирање алкохол на улиците по 23 часот.

Коронавирус