петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

КовИДИОТ – збор со кој медиумите ги ставаат неодговорните на столб на срамот

КовИДИОТ – збор со кој медиумите ги ставаат неодговорните на столб на срамот

Епидемијата на коронавирусот во САД како последица на бројните жртви и проблеми во функционирањето на целокупниот систем, донесе и нов збор – КовИДИОТ, со кој се именува неприфатливото однесување на поединци, заземајќи важно место во медиумите.

– На секој херој што ќе спаси еден живот, веројатно секаде околу нас постои и еден КовИДИОТ кој не загрозува, пишува „Њујорк дејли њуз“ како вовед во рубриката во која укажува на оние кои со своето недолично однесување ги загрозуваат животите на другите.

Меѓу првите кој е јавно осуден за своите постапки е еден средношколец, кој на социјалните мрежи се пофалил со организираните забави на плажа во Мајами. „Каков Ковид-19, каков коронавирус, ниту тој може да ме спречи“… Или девојка која ја лиже тоалетната школка во авион повикувајќи ги и останатите тоа да го направат бидејќи коронавирусот не постои…

– Кој е најголем КовИДИОТ од нив – вие кажете?, прашува „Њујорк дејли њуз“, кој пред два дена во оваа конкуренција ги вметна и Џенифер Лопез и нејзиното момче Алек Родригез, бидејќи поради нив отворале некои фитнес центри, и покрај забраната за работа.

Медиумите ги етикетирале со КовИДИОТ и оние кои ја загрозуваат околината. Зборот укажува на тоа дека одредено однесување не е прифатливо, а „Урбан дикшинери“ објаснува дека КовИДИОТ се и оние кои купуваат по 50 ролни тоалетна хартија, а за другите не оставаат ништо…

Весникот „Њујорк пост“ преку посебна рубрика КовИДИОТ наведува драстични примери на оние кои не ги почитуваат одредбите за спречување на ширењето на коронавирусот и се однесуваат непристојно на јахтите. Медиумот ги повика граѓаните да гласаат и да изберат кој е најголем КовИДИОТ на денот.

Меѓу нив бил и уапсениот свештеник од Луизијана, кој на верниците за време на службата, каде имало повеќе од илјада луѓе, им рекол сите да се фатат за раце… КовИДИОТ е и еден сурфер, поради кој морала да реагира крајбрежната стража, бидејќи не ја почитувал забраната за влез во океанот, но и секој што го прекршува правилото за социјална дистанца.

„Скај њуз“ објави фотографија на која се гледа една трафика во близина на шеталиште, а на неа стои плакат, на кој пишува: „Ако го читаш ова, тогаш си вистински КовИДИОТ. Оди веднаш дома“.

КовИДИОТ е и оној кој создава паника, пишува „Бизнис инсајдер“, а таа дефиниција го објаснува и еден дневен весник од Јута кој на 1 април објавил дека училишната година ќе биде поништена, поради што подоцна кога се создала паника им се извинувал на граѓаните кои не разбрале дека станува збор за првоаприлска шега.

Коронавирус