сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Ковид-19: Велика Британија втора во Европа по бројот на жртви, ја надмина Шпанија

Ковид-19: Велика Британија втора во Европа по бројот на жртви, ја надмина Шпанија

Велика Британија стана втора држава по бројот на жртви од ковид-19 во Европа. Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 4 419 смртни случаи, со кои вкупната бројка сега изнесува 26 096, покажува статистичкиот веб-сајт „Ворлдометар“.

Повеќе жртви на Стариот континет има Италија – 27 682, додека Шпанија сега е трета со 24 275.

Ваквиот скок од 4 419 се должи на тоа што во овие статистики за првпат се забележани и смртните случаи надвор од болниците.

Ваквата висока стапка на смртност во Велика Британија го зголемува притисокот врз Владата на премиерот Борис Џонсон, која се соочува со критики од опозициските партии за тоа што премногу бавно воведе мерки и масовно тестирање.

Бројот на заразени пак, во Велика Британија изнесува 165 221.

Коронавирус