вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 92
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Ковид-19 предизвикува повеќе смртни случаи во региони со загаден воздух

Ковид-19 предизвикува повеќе смртни случаи во региони со загаден воздух

Меѓународни медиуми тврдат дека пандемијата „Ковид 19“ има посериозни последици во загадените региони. Во својата сторија „Њујорк Тајмс“ пишува дека луѓетокои со години дишеле загаден воздух имаат 15 проценти поголема веројатност да умрат од проблемите што може да ги предизвика коронавирусот.

Престижните американски медиуми како студија зедоа три главни градови, Њујорк, Сан Франциско и Њу Делхи. Во главниот град на Индија загаденоста на воздухот е двојно поголема отколку во Њујорк. Поради тоа таму има од 12-15% повеќе жртви отколку во Сан Франциско и Њујорк на милион жители.

„Ако некое лице живее со децении во град изложен на високи нивоа на загаден воздух, тоа е со поголема веројатност од 15 проценти да почине од вирусот корона отколку граѓанин кој живее во регион со пониска единица на загаден воздух“, пишува „Њујорк тајмс“

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, во моментов претседателски кандидат на демократите, најави дека еден од неговите тимови ја истражува генезата на коронавирусот, заснована врз сомневањата дека зад него како причинители се кријат глобалното затоплување и огромното загадување на воздухот. Бајден вели дека загадениот воздух треба да се сфати посериозно отколку сега.

„Ги испитуваме доказите дека долготрајната изложеност на загаден воздух, особено во областите со заедница со ниски приходи е поврзана со смртни случаи како резултат на Ковид-19. Време е сериозно да го сфатиме загадениот воздух како закана за нашето здравје“, рече претседателскиот кандидат на САД, Џо Бајден.

Во анализите се опфатени и африкански и азиски земји каде има случаи на Ковид-19, но каде загадувањето на воздухот не е на алармантно ниво.

Коронавирус