сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 52
home Вести

Ковид-19, последните места во светот кадешто нема ниту еден регистриран случај

Ковид-19, последните места во светот кадешто нема ниту еден регистриран случај

Сè уште има 33 земји и територии низ целиот свет кои сè уште не пријавиле ниту еден случај на инфекција со коронавирусот.

Многу од нив се мали, тешко достапни островски нации на Пацификот, како Науру, Кирибати и Соломонските острови.

Тука се и Коморите, Лесото, Таџикистан и Туркменистан. Некои од нив дел од најмалку населените места во светот.

Досега има повеќе од три милиони случаи на коронавирус низ целиот свет, а 214 земји и територии признати од страна на Обединетите нации имаат забележано најмалку еден случај на КОВИД-19, од 20 април. Кај најмалку 166 од нив има смртни случаи.

Сите земји во Северна Америка и Блискиот исток имаат барем еден регистриран случај на КОВИД-19, пренесува „Скај њуз“.

Сепак, само затоа што една нација не пријавила инфекции, не мора да значи дека немало случаи.

Северна Кореја, на пример, нема пријавено случаи на коронавирус, но граничи со Кина, Русија и Јужна Кореја, каде има пријавено високо ниво на инфекција. Тајната држава многу се потпира на пропагандата и малку му открива на надворешниот свет.

Во меѓувреме, пет земји и територии тврдат дека успеале да го искоренат вирусот.

Тоа се Ангила, Гренланд, карипските острови Сент Бартс и Света Луција и Јемен.

Се тврди дека тие немаат активни инфекции во моментот и не пријавиле смртни случаи и покрај тоа што претходно бележеле позитивни наоди.

Други земји пак, велат дека успеале драматично да го намалат бројот на нови случаи.

Нов Зеланд, кој засега има регистрирано 1.474 случаи, прогласи победа над вирусот и рече дека е на добар пат кон негова потполна „елиминација“.

Во понеделникот, таму е регистриран само еден нов случај и веќе започна да ги повлекува строгите рестриктивни мерки.

Другите земји што почнаа да ги олеснуваат ограничувања се Шпанија, Германија, Унгарија, Кипар и Норвешка.

Во Шпанија, која воведе некои од најстрогите мерки во Европа, на децата им дозволи еден час дневно вежбање на отворено, додека на остатокот од земјата ќе им биде дозволено да го напуштат домот на кратки прошетки или вежби од 2-ри мај.

Германија, која започна да ги ублажува ограничувањата на 20 април, се соочува со шанса да ги врати построгите мерки бидејќи нејзиниот број и стапката на инфекции повторно пораснаа.

Земјата им дозволи на некои трговци да ги отворат продажните места откако забележаа намалување на случаите.

Во средата, Националната здравствена комисија на Кина извести за 22 нови случаи, од кои 21 се донесени од странство.

ЕУРО 2020

Македонија