понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 124
home Вести

Ковид-19 пандемијата го намали животниот век на граѓаните на ЕУ

Ковид-19 пандемијата го намали животниот век на граѓаните на ЕУ

Во текот на минатата година во Европската унија опадна очекуваниот животен век на граѓаните, бидејќи 27-те земји членки се бореа со ефектите од пандемијата на коронавирусот, соопшти „Катимерини“.

Агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат, денеска соопшти дека „од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, на почетокот на минатата година, опадна очекуваното траење на животот во повеќето земји-членки на ЕУ“.

Според Еуростат, најголем пад има регистрирано во Шпанија, каде животот е пократок за 1,6 година во споредба со 2019 година. По неа следува Бугарија со загуба од 1,5 година, а ја следат Литванија, Полска и Романија, каде е регистрано намалување на животниот век за 1,4 година.

Данска и Финска се единствените земји од ЕУ што забележаа зголемување на очекуваното траење на животот за 0,1 година.

Коронавирус