среда, 23. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Ковид-19: Панама ги ограничува движењето според пол

Ковид-19: Панама ги ограничува движењето според пол

Поради коронавирусот, Панама го ограничи движењето според пол. Од среда, мажите и жените ќе смеат да ги напуштат своите домови на два часа, еден по друг и тоа во различни днеови.

Досега карантинот не се спроведуваше врз основа на пол, но според одлуката која утре стапува во сила, мажите ќе можат да одат во аптека или продавница во вторник, четврток и сабота, а жените во понеделник, среда и петок. Во недела нема да може никој да излегува од дома.

Во таа земја сега има 1075 инфицирани, од кои 43 се на интензивна нега. Досега од Ковид-19 починаа 27 луѓе.

Коронавирус