четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Ковид-19 глобално: Над 3 600 000 заболea, речиси половина досега ја добија битката

Ковид-19 глобално: Над 3 600 000 заболea, речиси половина досега ја добија битката

Три милиони 656 илјади 867 лица во светот досега се заразени со новиот коронавирус, од кои 252 442 починаа, а 1 200 600 ја добија битката со ковид-19, покажуваат податоците на сајтот Ворлдометерс, кој се базира на информации на СЗО.

Во моментов активни случаи на ковид-19 во светот се 2 193 825, од кои 98% или 2 144 180 се со лесни симптоми додека 49 645 (2 отсто) се во тешка состојба.

Најмногу случаи и натаму има во САД – 1 212 955 заболени и 69 925 починати лица, од кои новодијагностицирани во едно деноноќие се 120 и 4 починати.

Шпанија е втора со 248 301 заболени и 25 428 починати лица., а шпанската влада врши притисок врз опозициските партии да одобрат уште едно продолжување на вонредната состојба во земјата и предупредува дека неуспехот да се стори тоа може да предизвика хаос.

Токму со строгите мерки на изолација, Шпанија успеа да го намали бројот на заразени во еден ден од околу 35 проценти.

Италија, која од вчера го укина целосниот карантин, има 211 938 заболени и 29 079 починати лица.

Велика Британија регистрирала 190 584 заболени и 28 734 починати лица.

Франција има 169 462 заболени и 25 201починати. Во Германија бројката на заболени е 166 152, а на починати е 6 903.

Европа е на врвот на листата на континенти најтешко погодени со ковид-19 со 1 470 366 заболени и 142 168 починати лица.

Азија е втора со 573 561 случај на заболени и 20 096 смртни случаи. Кина која е изворот на заразата соопшти дека во изминатите 24 часа регистирала само еден нов случај на заразен и тоа лице кое доаѓа од странство.

Јужна Америка регистрирала 224 738 случаи на ковид-19 од кои 11 298 починале.

Најзагрозен е Бразил со 108 620 заболени и 7 367 смртни случаи од кои 24 во измиантите 24 часа.

Африка има 48 081 заболени и 1 848 починати.

Според СЗО, најмалку случаи на ковид-19 има на австралискиот континент 8435 случаи на заразени и 116 смртни случаи.

ЕУРО 2020

Македонија