четврток, 23. март 2023. Вести денес: 75
home Вести

Ковач: Во Унгарија законот важи за сите, нема отстапки ни за Соросовиот универзитет

Ковач: Во Унгарија законот важи за сите, нема отстапки ни за Соросовиот универзитет

Унгарската Влада соопшти дека нема да прави никакви отстапки за Централноевропскиот Универзитет, основан од американскиот финансиер Џорџ Сорос, чиј правен статус повеќе од една година не е решен поради промена во Законот за високо образование.

– Во Унгарија законот важи за сите, вклучувајќи го и Соросовиот Универзитет, изјави портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, во интервју за дневниот весник „Маѓар Хирлап“.

Ковач истакна дека „никој не може да ужива привилегии“.

– Ако останатите странски универзитети можат да ги исполнат условите барани според законот, тогаш и Централноевропскиот Универзитет мора да ги исполни, наместо од тоа да прави политичко прашање, истакна портпаролот Ковач.

loading...