четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Корупциски скандал во словенечкото здравство

Корупциски скандал во словенечкото здравство

Словенечкото Специјално јавно обвинителство покрена обвиненија против 15 лица и една компанија поради поврзаност со корупциски скандал во здравствениот систем на Словенија.

Меѓу обвинетите за овој случај, кој словенечките медиуми го оценуваат како „најголем корупциски скандал во Словенија“, се осум познати лекари, членови на нивните семејства и претставници на фармацевтската компанија.

Според Обвинителството, најмалку петмина од осомничените „примиле големо количество пари како мито, а поединци и суми поголеми од 100.000 евра“.

Обвинителството тврди дека осомничениот производител на медицинска опрема и уреди, како и неговите посредници, во цените на производите „вметнувале“ и посебни провизии, во висина од пет до 20 отсто од цената, кои биле наменети за исплата на лекарите.

Во рамки на истрагта за случајот, што започнала во 2013 година, полицијата извршила претреси на 58 локации во Љубљана, Цеље, Марибор, Копер и Ново Место, при што се пронајдени скриено злато и пари.

МИА

Коронавирус