сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 83
home Вести

Коронота коси во светот, а кинезите повторно колат кучиња и ги јадат !

Фестивалот на животинско месо во Јулин е опаснот за цел свет.
Коронота коси во светот, а кинезите повторно колат кучиња и ги јадат !

Додека целиот свет се плаши од нов бран коронавирус, Кинезите организираат 10-дневно колење на кучиња. Како да не им се случило ништо необично пред неколку месеци на еден ваков пазар.

Тие го нарекуваат фестивал, а убиваат кучиња за конзумација секоја година во текот на една од најжешките недели во годината, од 21 до 30 јуни. Пазарот каде што се случува колењето се наоѓа во градот Јулин, во автономниот регион Гуангкси, по должината на границата со Виетнам.

За време на тие десет дена масакр, десетици илјади кучиња ќе ги поминат последните денови од животот во кафези. Откако еден од случајните минувачи ќе покаже прст кон кучето, џелатот го вади од кафезот, ја лупи кожата и ја убива. Јадат вкупно повеќе од 10 илјади кучиња.

Со години активистите се обидуваат да ја забранат оваа сурова традиција, која за прв пат започна во јули во 2009 година. Владата веќе се обиде да донесе закони со кои се забранува трговија со диви животни и заштита на домашни миленици, но досега немаше голема промена. Активистите се надеваат дека, заради сè што се случи со Ковид-19, владата конечно ќе реагира малку посериозно.

„Се надевам дека Јулин ќе се промени не само заради животните, туку и заради здравјето и безбедноста на луѓето“, изјави Питер Ли од Интернешнл Хуман за Ројтерс.

„Дозволувањето масовни собири за да тргуваат со месо од кучиња и да го консумираат на преполн пазар и ресторани претставува значителен ризик за јавното здравје“, додаде Ли.

Се верува дека Ковид-19 потекнува од пазар во градот Вухан каде се продаваат и консумираат лилјаци, змии, стаорци и други диви животни. Вирусот премина од животни на луѓето, се рашири низ целиот свет и досега уби повеќе од 468.000 луѓе.

Сè додека има вакви пазари, постои опасност да се појават нови вируси. И сè додека луѓето не започнат да учат од сопствените грешки, историјата ќе се повтори.

Коронавирус