понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Коронавирусот за 20 отсто ја зголеми продажбата на вотката во Русија

Коронавирусот за 20 отсто ја зголеми продажбата на вотката во Русија

Во екот на светската здравствена криза предизвикана од новиот коронавирус, изолацијата и социјалната дистанца, минатиот месец е зголемена малопродажбата на водка и коњак во Русија за над 20 отсто, во споредба со истиот период лани, изјави претседателот на Националниот сојуз за заштита на потрошувачите, Павел Шапкин.

– На крајот на март се зголеми статистиката за малопродажбата на сите видови алкохолни пијалоци. За вотка и коњак – околу 20 отсто раст во однос на март 2019 година, за вино – 10 проценти, за пиво – пет отсто. Априлскиот раст на продажбата ќе биде значително поголем, истакна Шапкин.

Според него, ситуацијата со ширењето на новиот коронавирус може драстично да ја зголеми продажбата на алкохолни пијалоци поради две причини – прво поради консумирање, а второ како замена за антисептик.

Коронавирус