недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот во светот: Заразени се 12.935.054 лица, од нив починале 569.204

Коронавирусот во светот: Заразени се 12.935.054 лица, од нив починале 569.204

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12,935,054 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 569,204 , а оздравеле 1,502,785 луѓе.

– Светска здравствена организација соопшти дека во изминатите 24 часа забележан е рекорден пораст на новозаразени лица во светот – над 230.000.

– Во Србија во изминатите 24 часа почина 11 луѓе со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 393, а регистрирани се 287 новозаболени лица и вкупната цифра на инфицирани луѓе со новиот коронавирус изнесва 18.360.

– Во Хрватска во изминатото деноноќие потврдени се 50 нови случаи, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 3.722 луѓе, од кои 119 починаа, а 2.486 оздравеле.

– Во Словенија за еден ден потврдени се 14 позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во земјата регистрирани се 1.841 заразени лица, од кои 111 починаа.

– Во изминатите 24 часа во БиХ се забележани двојно помалку новозаболени лица во споредба со претходните два дена. Во Бих се регистрирани 158 позитивни случаи, со што вкупната бројка на инфцирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 6.650, од кои 216 починаа.

– Во Косово вчера се регистрирани 203 новозаболени од Ковид-19, а само во последните три дена 615 нови случаи. Со тоа, вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 4.715, од кои 101 починале, а излекувани се 2.227 лица.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 31 нов случај на Ковид-19, од кои четири се при тестовите направени на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата регистрирани во Грција регистрирани се 3.803 позитивни случаи.

– Од 176 тестови направени во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани седум нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 1.021 лице.

– Во Бугарија во изминатото деноноќие забележани се 211 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 7.175 лица. Од почетокот на пандемијата починае 267 пациенти.

– Во Романија во изминатите 24 часа починаа 37 лица од последици од новиот коронавирус, со што бројот на смртни случаи се искачи на 1.884. Во Романија за еден ден се регистрирани 1.154 новозаболени лица, со што вкупната бројка се искачи на 32.535 инфицирани лица.

– Во Шпанија се регистрирани 100 нови жаришта на Ковид-19, од кои најсилното е во околината на каталонскиот град Леиде. Во Шпанија на 21 јуни беше укината вонредната состојба, а во последните две недели новиот коронавирус е дијагностициран кај 5.400 луѓе. Од почетокот на пандемијата во Шпанија се заразиле 254.000 луѓе, од кои 28.400 починаа, а 150.380 оздравеле.

– Министерот за здравство на Јужноафриканската Република, Звели Мхизе изјави дека за еден ден се регистрирани 13.497 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани луѓе изнесува 264.184, од кои 3.971 лица починале. Тој додаде дека една третина од новите случаи потекнуваат од нови жариште во провинцијата Гаутенг, чиј дел се Јоханесбург и главниот град Преторија. (МИА)

Коронавирус