вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Коронавирусот стигна и до Амазонија: Заразена девојка од племето Кокама

Коронавирусот стигна и до Амазонија: Заразена девојка од племето Кокама

Припадничка на домородно население во село што се наоѓа длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв таков случај кај повеќе од 300 бразилски племиња, објави денес бразилското Министерство за здравство.

Деветнаесетгодишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија, се заразила така што работејќи како медицинска сестра посетила неколку племиња, пренесува „Ројтерс“.

Потврдени се четири случаи во истата област, вклучувајќи и лекар, со што се засилени стравувањата дека со вирусот може да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници.

Коронавирус