сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Коронавирусот се врати во најпогодените места во Италија, еднаш излекувани лица повторно се заболени

Коронавирусот се врати во најпогодените места во Италија, еднаш излекувани лица повторно се заболени

Девет случаи на „вратен“ коронавирус се регистрирани во Италија, објави дневниот весник „Република“.

Станува збор за пациенти кои биле отпуштени од болници со негативен резултат по третманот и кои подоцна се разболеле повторно со Ковид-19 или имале поблаги симптоми на зараза. Оние со поблаги симптоми се лекуваат дома преку видео надзор од страна на медицински лица, а оние со потешка форма на болеста се препраќаат во болница. Случаите се пријавени во провинциите Лоди и Кремона во Ломбардија, една од најтешко погодените од епидемијата од февруари.

Во исто време, италијанскиот Министерски совет соопшти дека во фаза два, пет милиони тестови ќе бидат извршени во Италија во наредните два месеца, објави Република. Исто така, планираат да има повеќе клиники за лекување на пациенти со Ковид-19, со планови да има по една клиника на милион луѓе. Гувернерите на окрузите ќе одлучат каде се наоѓаат овие клиники.

Исто така, предвидено е зголемен број кревети во единиците за интензивна нега и кај заразни болести и пулмонални одделенија.

На почетокот на епидемијата, Италија имала 5.179 места во единиците за интензивна нега, а сега има 8.407 места, потсетува Република.

Втората фаза, исто така, ќе ги анализира резултатите од 150.000 извршени тестови за да се види до кој степен се шири коронавирусот во Италија.

Коронавирус