среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Коронавирусот беснее во Европа: Еве колку случаи има во Германија, Австрија, Чешка, Русија

Коронавирусот беснее во Европа: Еве колку случаи има во Германија, Австрија, Чешка, Русија

Во Германија во последните 24 часа потврдени се нови 1.769 случаи на коронавирус, а починати се 13 лчица, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Вкупниот број на заразени е 275.927, а починаа 9.409 особа, пренесува Ројтерс. Активни случаи во Германија има речиси 20.000.

Австрија

Нови 681 случај се регистрирани во Австрија во последните 24 часа. Главното жариште е Виена со 305 новозаболени лица со коронавирус. Бројот на хоспитализирани пациенти порасна од 23 на 413 од кои 77 се на интензивна нега.

Чешка

Во Чешка се регистрирани нови 2.394 случаи што е втор најголем дневен биланс од почеток на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравството.

Во септември бројот на нови случаи во Чешка двојно се зголеми, а земјата ја бележи втората најбрза стапка на ширење на вирусот во Европа. Досега заразени се над 53.000 лица, пренесува Ројтерс. Чешките власти во меѓувреме повторно воведоа некои рестриктивни мерки, како што се задолжителното носење заштитна маска и ограничување на работата на рестораните.

Франција

Француската Влада денес по држаната седница ќе ги објави новите рестриктивни мерки поради сузбивање на ширење на коронавирус во Париз. Како што наведуваат дел од медиумите, планираните мерки вклучуваат забрана за јавен собир на повеќе од 10 лица, додека присуството на големите настани би можело да се ограничи од сегашните 5.000 на 1.000 лица.

Најавена е и забрана за продажба на алкохол по 20 часот. Новите мерки за Париз би можеле да бидат воведени и во Лион, Марсеј и Ница со оглед на брзото ширење на епидемијата.

Во Франција вчера, шести пат за 12 дена, забележани се над 10.000 новозаболени од коронавирусот.

Русија

Претходниот ден во Русија се потврдени нови 6.431 случај на Ковид-19, најмногу од 13 јули, соопштија официјални лица. Во истиот период починале 150 луѓе, а се излекувале 5.750.

Во Русија од почетокот на епидемијата се регистрирани 1,12 милиони заболени лица, а починале 19.799.

Коронавирус