понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 36
home Вести

Коронавирус во светот: Во САД најтешка состојба, Британија ја надмина Италија по бројот на починати

Коронавирус во светот: Во САД најтешка состојба, Британија ја надмина Италија по бројот на починати

Во светот, според Ворлдметерс, досега од вирусот Ковид-19 се заразија 3.727.936 лица, а починаа 258.344 луѓе. Од новиот коронавирус досега во светот се излекувале 1.242.432 лица, а се намалува и бројот на заболени кои се критична состојба, кој сега изнесува два отсто.

Најтешка е состојбата во Соединетите Американски Држави, каде се заразени повеќе од 1,2 милиони луѓе, а повеќе од 72.000 починале, додека од европските земји Шпанија е со најголем број заразени, а по бројот на починати вчера Велика Британија ја надмина Италија.

Во Европа, по Шпанија, најмногу заразени има во Италија, Велика Британија, Германија и Русија, а најмногу смртни случаи по Британија има во Италија, Шпанија и Франција.

Од латиноамериканските земји најлоша е состојбата во Бразил, а на Блискиот исток во Иран.

Во Кина, од каде што се прошири вирусот, досега се заразени 82.883 лица, а починаа 4.633.

Во регионот по бројот на заразени и починати и натаму предничи Романија со 13.837 заразени и 841 починат.

ЕУРО 2020

Македонија